Четири најпогрешни типови на појадок

Изборот на намирници за почеток на денот е многу важен.За да ја добиете доволната доза на енергија и да се спасите од вишокот калории, ова не смеете да го правите.

1. Прескокнување на појадокот

Прескокнувањето на појадокот не е препорачливо. Не велат залудно дека појадокот е најважниот оброк во денот. Прво, нема да имате доволно количина на енергија, второ – ќе бидете помалку сконцентрирани на она што го работите, а трето – првиот оброк по прескокнувањето на појадокот ќе ви биде најголем непријател. Самите ќе го ослободите патот до масните наслаги кои забрзано се таложат, а тоа не е добра вест за никого.

2. Само кафе

Ова е секојдневна навика на голем број луѓе. Кафето ќе ви ја убие гладта, но на вашиот организам нема да му донесе ништо добро. Слично како и кај прескокнувањето на појадокот. Енергија ќе имате помалку, а масните наслаги ќе ве стигнат поради тоа што сте прегладнети, па потоа ќе се честите со обилен ручек.

3. Појадок „ на нога“

После таков појадок, брзо ќе бидете повторно гладни, бидејќи добивате мала енергија.

4, Обилен појадок

Овој доручек начесто е многу леб, житарици, сувомеснати производи, производи кои се полни со масти и калории, а после него се чувствуваме повторно подготвени за враќање во кревет.

За да ги избегнете проблемите од нездравите навики ви советуваме да го започнете денот со чаша вода, млечни производи, оревкасти плодови, јајца, свежо овошје и зеленчук.

Направете нешто добро за организмот и спасете се од вишокот калории.

- Реклама -