Четири љубовни лекции што ги научивме од познатите серии

Освен тоа што сериите умеат да ни го разубават животот и да не оддалечат од (понекогаш) суровата реалност, во нив има и важни љубовни лекции.
Знаеме дека љубовта во филмовите и сериите и љубовта во реалноста се две сосема поинакви нешта. Меѓутоа, сигурно се имате препознаено во некои сцени и сте посакале да бидете на местото на еден од вашите омилени ликови. Затоа, ајде да се потсетиме на неколку лекции што ни ги одржаа токму тие – ТВ хероите од најпознатите серии.

Љубовта секогаш го пронаоѓа патот

Понекогаш можеби ни се чини како од тоа едноставно нема да биде ништо, а потоа одеднаш сите работи си доаѓаат на своето место, а се што треба е да бидете малку потрпеливи.

Вистински пример за тоа е познатата Кери Бредшо и нејзината љубов Ѕверка, а можат да им се придружат и Миранда и Стив.

files

Љубовта ти е можеби пред носот и можеби токму таа се крие во најдобриот пријател

Но ти никако не ја препознаваш. Се сеќавате на Моника и Чендлер? Целиот живот се познаваа, се дружеа и на крајот доживеаа љубов како од соништата. Не само низ сериите, туку и во вистинскиот живот има бројни примери од овој тип. Поентата е да се даде шанса на некој кој на прв поглед не би бил вашиот избор, бидејќи никогаш не знаете со што може да ве изненади таа личност.

Лагите никогаш не поминуваат добро

Многу ликови од малите екрани останаа без својата подобра половина, токму поради лагите, бидејќи добро знаете како се вели: Вистината секогаш се дознава – порано или подоцна.

files (1)

Паузата не мора секогаш да биде добра работа

Иако во последно време паузата во врската стана вообичаено нешто, а истата успеала да спаси и некои врски, тоа не е неопходно. Во популарната серија „Беверли Хилс“, паузата го однесе Дилан на Бренда, право во креветот на Кели.

- Реклама -