Четири години растел црква од дрва

Додека го патувал светот, Бери Кокс се заљубил во архитектурата, особено во дизајнот и конструкциите на црквите. Таквата негова фасцинација го инспирирала да си „изгради“ своја катедрала, со тоа што решил неговата да биде целосно од „живи“ дрва.

По неколку години истражување, во 2011 конечно го расчистил просторот на својот имот и ја поставил железната рамка околу која во наредните четири години ги растел дрвата за неговата црква.

Сите дрва и растенија се внимателно одбрани, од тоа да се разликуваа ѕидовите од кровот, па до тоа во црквата да продираат снопови природна светлина (сончеви зраци), како во вистинска катедрала.

По извесно време откако ја заврши, Кокс ја отвори црквата и за посетители. За да изгледа како што изгледа, ја „потшишува“ на секои шест недели.

 

- Реклама -