„Среќен Ден на независноста, пријатели!“, напиша американската амбасадорка во земјава – Кејт Мери Брнс на Твитер.
„Почестена сум што сум дел од оваа извонредна американско-македонска приказна на пријателство и партнерство! Радо очекувам да продолжам да работам со вас како НАТО сојузници и да ги поддржувам вашите ЕУ аспирации и вашата визија за подобро утре!“, пишува амбасадорката.
Happy #IndependenceDay, friends! Honored to be part of this amazing 🇺🇸-🇲🇰 story of friendship and partnership! Looking forward to continue working with you as #NATO allies and to support your #EU aspirations and vision for a better tomorrow! #8Септември #8Shtatori #September8
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) September 8, 2020
Честитка по повод независноста упати и Руската амбасада:
„Пред 29 години граѓаните на Република Македонија донесоа историска одлука и гласаа за самостојност на својата држава. Честит и вековит нека е Денот на независноста!“, напиша амбасадата на својот Твитер профил.
Пред 29 години граѓаните на Република #Македонија донесоа историска одлука и гласаа за самостојност на својата држава. Честит и вековит нека е Денот на независноста! 🇲🇰 #8септември pic.twitter.com/Gboi7BfoMT
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) September 8, 2020