Шерил Кол Божиќните празници ќе ги помине на сончевите плажи!
Шерил Кол не се грижи за оние кои работат за празниците и имаат малку слободно време. Пејачката побегнала од студениот град на сончевата плажа и на сите им посакала среќни празници.
„Мојот прв топол Божиќ. Се надевам дека сите вие имате убав Бадник! Бакнежи“, напишала Шерил покрај фотографијата објавена на нејзиниот Инстаграм профил. Пејачката на фотографијата лежи на плажа во бикини, со врзана коса и очила за сонце, и без сомнение ужива.