Чешкиот претседател вети дека ќе стави вето на законот за истополови бракови

Прага, 7 јуни 2022 (МИА) – Чешкиот претседател Милош Земан денеска изјави дека е подготвен да стави вето на предложениот закон со кој на истополовите парови во државата ќе им се даде право за граѓански венчавки, доколку парламентот го одобри.

Предлог-законот подготвен од пратеници од целиот политички спектар денеска беше доставен до Долниот дом на чешкиот парламент, но не е одреден датум за почеток на неговата расправа.

„Би сакал да објавам дека ќе ставам вето, доколку навистина добијам за потпис таков закон“, рече Земан по средбата со унгарската колешка Каталин Новак.

Земан нагласи дека Чешка веќе дозволува граѓански заедници за истополови парови, но дека „семејството е заедница само на маж и жена“.

- Реклама -