И Чешка го потроши оружјето за Украина, од сега само комерцијални испораки и пари

Чешка повеќе не може да ѝ помага на Украина со оружје и воен материјал, бидејќи ги исцрпи сите залихи на старо постсоветско оружје, но ќе продолжи да дава финансиска помош. Оружјето, како Словачка и Полска, кои ја донесоа одлукатаа претходно среде изборните кампањи, ќе го испраќа само како комерцијални испораки, најави денеска министерката за одбрана Јана Чернохова.

„Од почетокот на војната, Чешка ѝ предала на Украина оружје во вредност од 258 милиони евра, како воени хеликоптери, тенкови или борбени возила на пешадијата. Чешка не може да продолжи со воената помош за Украина бидејќи ги исцрпи сите залихи што можеше да даде“, изјави денеска Чернохова на прес-конференција во Прага.

Таа вели дека нема повеќе соодветно оружје во армиските магацини за испраќање.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

„Вредноста на лиценците за комерцијална испорака на оружје за Украина во Чешка е околу 4.87 милијарди евра. Приближно половина од испораките во вредност од 2.13 милијарди евра се веќе реализирани. Потпишан е договор со украинското Министерство за стратешка индустрија кој овозможува поблиска соработка во делот на ремонт на оружјето“, рече Чернохова.

Полска, Словачка и Чешка продолжуваат со финансиската и хуманитарна помош, а пред сè со комерцијална испорака на оружје за Украина, при што словачкиот премиер Роберт Фицо, за време на неговата посета на Прага, се заложи чешката и словачката воена индустрија да соработуваат поинтензивно и заеднички да настапуваат на трети пазари, вклучително и во Украина.

МИА

- Реклама -