Со ДНК анализа се докажа дека парчето од черепот за кој со декади се веруваше дека му припаѓа на Фирерот, всушност и припаѓа на жена помлада од 40 години.
Со ДНК анализа се докажа дека парчето од черепот за кој со декади се веруваше дека му припаѓа на Фирерот, всушност и припаѓа на жена помлада од 40 години.
Теориите за завера поврзани со смртта на Хитлер можеби биле основани. Новото откритие на научниците фрла ново светло врз приказната за самоубиството на нацистичкиоит водич и можеби ќе ја разниша онаа теорија која вели дека тој животот го завршил во берлински бункер такашто испил пилула со цијанид после што се застрелал во главата. Имено, со ДНК анализа се докажа дека парчето од черепот за кое досега се веруваше дека е на Хитлер, всушност и припаѓал на жена помлада од 40 години.
Научниците и историчарите долго време тврдеа дека токму тоа парче од черепот, заедно со дупката направена од куршум, кое го пронајде руската војска и кое беше чувано од страна на КГБ, е цврст доказ дека водачот на Третиот Рајх се самоубил на 30 април 1945. Хитлер тогаш имал 56 години. Анализата на черепот покажа дека тој всушност и припаѓал на жена на возраст помеѓу 20 и 40 годин. Според археологот Nick Bellantoni кој ја направи анализата, коската на черепот е многу тенка, додека машките коски обично се многу поробусовидни. Овој американски научник тврди дека черепот најверојатно не припаѓа ни на сопругата на фирерот: „Нема докази дека Ева Браун исто така си пукала во главата или дека е застрелана подоцна. Во близина на бункерот загинале многу луѓе.“
Bellantoni своето истражување го започна во Москва каде во Државниот архив му беа покажани и остатоците од крв на креветот на кој наводно се самоубиле Ева Браун и Хитлер. Според изјавите на сведоците, телата на Хитлер и Ева Браун биле замотани во чаршави и однесени во дворот пред бункерот, каде биле ставени на кратер од бомба, натопени со бензин и запалени. Руските форензичари истата таа година ги откопале остатоците од телата за кои се смета дека едно од нив е и тоа на Хитлер. Во најголема тајност потоа биле пренесени во источногерманскиот Магдебург, каде биле закопани сè до 1970. КГБ таа година ги кремираше сите остатоци освен парчето од черепот, крвавиот кревет и вилицата, кои не се достапни за јавноста. [Fresh doubts over Hitler’s death after tests on bullet hole skull reveal it belonged to a woman]