The Chemical Brothers снимија песна за Олимписките игри (видео)

Станува збор за песна која британските електронски музичари The Chemical Brothers му ја понудиле на одборот на Олимписките игри, а одборот одлучил дека вреди да се употреби.

Енергичниот двоец ја сними песната Theme For Velodrome, како свој придонес за „озвучувањето“ на Олимписките игри во Лондон (ЛОИ), којa беше премиерно пуштенa во етерот на радиото на BBC. Најновата пeсна на дуото што продаде милиони копии од нивниот деби-албум во 1995 година, ќе служи како официјална нумера на сите велосипетски настани на ЛОИ 2012.

The Chemical Brothers за Theme For Velodrome инспирација црпеле од нивните германски електронски колеги Kraftwerk, и нивната Tour de France од 1983 година.

Впрочем, како што Олимписките игри се доближуваат, така се зголемува и бројот на музичарите што се обидуваат да ја искористат ситуацијата во своја корист. Момците од алтернативната група Muse веќе ја продадоа службената химна на игрите, насловена Survival, рок-бендот Blur најавува нови песни со кои ќе настапи на затворањето на ЛОИ, Марк Ронсон има своја песна, а во трката за слава на спортот преку музика последни се вклучија и The Chemical Brothers.

Оригиналната верзија на Theme For Velodrome трае цели шест ипол минути. Засега е достапна само верзијата што премиерно беше пуштена на BBC, a додека не се појави и оригиналната, слушнете ја скратената.

{youtube}OpyqgJHSEW0{/youtube}

- Реклама -