Челзи го обвини Чаби Алонсо дека го наместил нивниот противник во ЛШ

Жрепка за осминафиналето  ги донесе 8-те двојки за првиот дел од нокаут  фазата во елитната фудбалска лига на Уефа, формирани од победниците на групите и втропласирните екипи. Уште во раната фаза на елиминации две супер пресметки. Актуелниот шампион Реал Мадрид  за место во четвртфиналето ќе игра со еден од најголемите фаворити за трофејот, ПСЖ. Тешка ждрепка и за англискиот првак Челзи кој ќе се сретне  со Барселона. Калчо  шампионот Јувентус за противник го доби  Тотенхем а Порто-Ливерпул. Среќата ги посака другите фавороти. Манчестер Сити ќе се сретне со Базел, Севиља е ривалот на  Манчестер Јунајтед,  Шахтјор на Рома, а Баерн Минхен ќе игра со Бешикташ. Термините за  првиот круг од осминафиналето се  13 ,14 ,20 и 21 февруари.

Управата на Челзи е бесна поради ваквиот жреб и тврди дека екс-играчот на Ливерпуѕл, Реал и Баерн го наместил жребот…

Апсолутно сите во синиот дел од Лондон сакаа да ги избегнат Каталонците, со кои имаат негативни искуства, но ждребот сепак им го додели тимот од „Камп Ноу“.

Навивачите на Челзи за тоа го обвинија Чаби Алонсо, екс играчот на Реал, Ливерпул и Баерн кој ги влечеше топчињата во Нион, а со спојувањето на Челзи и Барса само му помогна на Баерн.

Имено, германскиот клуб во тие моменти можеше да игра или против Бешикташ или против Барселона. Доколку Челзи го добиеше турскиот тим, Баерн Минхен ќе се сретнеше со Барселона.

Снимката на ждребот покажува дека навистина Алонсо внимателно гледа кое топче го носи името Барселона, а кое Бешикташ пред да ги извлечи. За време на ТВ преносот може да се види дека Шпанецот во тој момент врти само едно топче, изгледа како да ги меша, а потоа ја извлекува Барселона.

На тој начин на својот Баерн му го доделува Бешикташ како противник во осминафиналето!

Го  побаравме и видеото кое е објавено на ЈуТуб кое во моментов е забрането од страна на УЕФА.

 

- Реклама -