За Велигден направете некоја фантастична декорација и така уште повеќе разубавете го овој празник. Ви претставуваме како да направите чоколадни зајчиња.
Потребно ви е:
За кора: 4 белки, 150г шеќер, 100г мелени лешници, 50г мелени бисквити
За фил: 12 жолчки, 350г шеќер, 1л млеко, 120г пудинг од ванила, 250г путер, 250г шлаг, 200г мелени лешници
Подготовка: Сматете ги белките и шеќерот и додајте ги лешниците и бисквитите. Од добиената смеса испечете три кори. За фил сматете ги жолчките со половина од шеќерот и пудингот, а потоа смесата полека сипувајте ја во млеко. Додајте го преостанатиот шеќер и згответе крем. Оладете го, додајте го сматениот путер и шлагот. На крајот, во кремот измешајте ги лешниците.
Филувајте, кора-крем,кора-крем…Потоа колачот исечете го на правилни коцки.
Павлаката ставете ја на оган, додајте го чоколадото, а кога ќе се олади, сматете крем. Потоа филувајте коцка по коцка.
Обојте марципан во бела боја, исечете ленти и тапацирајте ги сите коцки. Со ножици исечете го вишокот.
Спремете се за боење. Марципан масата поделете ја и обојте ја во црвена, жолта, зелена и розова боја. Вадете кругчиња со чаша за ракија и залепете ги круговите на едната страна на коцките.Направете линии со стопено чоколадо. По ова ставете ги коцките во фрижидер да се стегнат.
Во меѓувреме од розовиот марципан направете ги зајчињата. Направете глава, уши.
За очи искористете го стопеното чоколадо.
Кога ќе се стегнат коцките прво наполнете ги со шарени бонбони.
Главата ставете ја на чепкалка и забодете ја во коцките.На крај залепете ги ушите со чоколадо.