Чекањето во авион наскоро ќе биде минато?

Секој кој летал знае дека многупати може да се изгуби “цела вечност” додека да полета авионот.

Putnicki avion 1 shutterstock_1000x0

Ситуацијата во која авион со запален мотор стои во место и нервозните патници кои чекаат и по еден час за да дојдат “на ред” за полетување, наскоро би можела да стане минато, тврдат експертите. Во тек е изградбата на систем кој на основа на бројни параметри ќе одредува кога е време патниците да го наполнат авионот за да не чекаат на терминалот и во леталото долго пред полетувањето.

Во предвид ќе се земат и временските услови, како и бројот на предвидени полетувања и слетувања во одреден момент. Исто, ова ќе спречи да дојде до гужви на самата писта, за да бидат избегнати судири.

Од новиот систем најмногу ќе профитираат авио-компаниите, кои нема да трошат гориво додека нивните мотори непотребно работат, но и патнниците кои нема да губат време чекајќи да полета нивниот авион.

Како што пишува Хафингтон, овој принцип веќе бил испробан на поединечни американски аеродроми и заклучиле дека секој авион чекал помалку да полета и дека на секое летало биле заштедени од 16 до 20 галони гориво.

- Реклама -