Чех се сликаше со сито на главата, за лична карта

Жител на Чешка се фотографираше за лични документи со сито на главата, поради верски убедувања. Се работи за Брно Лукас Нови, кој и припаѓа на црквата на Пастафарианците, алтернативна религија основана во САД во 2005-тата година.

Судот во земјата одлучи дека пастафарианецот може да се фотографира со сито на глава и да ја стави сликата на личната карта, откако Бруно Нови тврдел дека досегашните отфрлања ги кршат законите на Република Чешка во областа на слободното изразување на верските убедувања .

Приврзаниците на ова религиско движење тврдат дека светот е создаден од невидлив странец, направен од шпагети и месо. Светиот ден за пастафарианците е петок.

Во 2007 година сличен случај  заврши на ист начин во Австрија кога маж  со име Нико Алм го доби случајот против полицајците кои му наредија да го тргне ситото  при фотографирање за возачка дозвола.

religija

 

 

- Реклама -