Чаталењето со „блинг блинг“ акцесоари во Дубаи нема крај. Најновата алатка за курчење им се златните гуми.
Познатиот производител од Дубаи – Z Тyres, неодамна се запиша во Гинисовата книга на рекорди, откако го создаде најскапиот сет на сите времиња. Секоја од четирите гуми е обложена со дијаманти и 24-каратно злато.
За да биде во чекор со добропознатиот луксуз на Дубаи, компанијата помина долг пат во создавањето на уникатниот сет, кој патем прави и некои од најскапите автомобили во светот да изгледаат евтино во споредба со гумите Z1. Прво беа дизајнирани и изработени во фабриката на Z Tyres, а потоа беа пратени во Италија за да таму да бидат „провалкани“ во дијаманти, од најдобрите италијански изработувачи на скапоцен накит – лично. Потоа пак беа вратени во Обединетите Арапски Емирати, каде што беа позлатени од истите тие мајстори што работеа на изградба на новата претседателска палата во Абу Даби.
Во земјата каде што дури и факултетските паркинзи се преполни со луксузни автомобили што чинат стотици илјади долари, не е изненадување што веднаш се најде купец што за Z1 сетот плати 600.000 долари (алооо!). Во духот на Рамазан, заработката беше донирана во хуманитарни цели, бидејќи како што тврдат од компанијата, идејата им била да ја прослават својата посветеност и успех во индустријата со нешто специјално.
Да е од Македонија, купувачот никогаш нема да помисли да ги стави гумите на својот автомобил. На првата дупка ќе попаѓаат сите дијаманти. Ама во Дубаи нема дупки… освен во џебовите без дно.