Чарлс Буковски: лудите и пијаниците се последните светци на оваа ера

Познат е по својот бескомпромисен, често дури и циничен јазик, љубовта кон литературата и неселективниот личен и професионален живот. 

За него Жан-Пол Сартр вели дека е најголемиот поет на Америка, а Хемингвеј едноставно: „Проколната генијалност … “. Многу нешта кажал Буковски – и убави и лоши. Чарлс Буковски или ќе го сакате, или ќе го мразите. Неговите дела најдобро ги опишува еден коментар на списанието. “Обсервер”: Во време на конфронтизам, Буковски пишува за оние луѓе чие што постоење никој не го сака: грдите, самохраните, лудите.”

„Мојата душа, пијана од пиво е потажна од сите мртви новогодишни елки во светот.“

„Разликата помеѓу животот и уметноста е тоа што уметноста е поднослива.“

„Разликата помеѓу демократијата и диктатурата е тоа што кај демократијата гласаш прво и потоа добиваш заповеди, додека кај диктатурата не го губиш времето на гласање.“

„Задникот е лицето на душата на сексот.“

6217028_orig

„Најлошото нешто за еден писател е да познава некој друг писател, а кога познава голем број други писатели, станува ужасно .“

„Љубовта се издржува, но само ако може да се справи со менталниот напон. Кога си вљубен, сеедно се обидуваш да носиш на грб целa кофа со лајна, додека ја минуваш полната река од урина. “

„Дури само да живееш, пред да умреш, сепак не е лесно.”

„Добриот писател знае кога да не пишува. “

„Ако еден човек не може да напише љубовен расказ од него нема корист.“

„Лудите и пијаниците се последните светци на оваа ера.“

- Реклама -