Чарли Шин: Ријана е селска идиотка

Холивудската ѕвезда Чарли Шин го збесна ѕвездата  Ријана, која што одбила да се запознае со неговата девојка Скотин, позната повеќе како Брет Роси.Актерот најпознат по улогата во „Два и пол мажи” го славел роденденот на својата партнерка во ресторан во Санта Моника, Калифорнија. Во исто време таму била и Ријана во друштво на нејзина пријателка.

Чарли Шин ги замолил келнерите да испратат порака до масата на пејачката дека сака да ја запознае својата сопруга со неа. Скотин била огромна обожавателка на Ријана, но пејачката го одбила барањето.

Тоа го збеснало Чарли.

„Одговорот кој што го  добивме, беше дека имало премногу сеирџии и не било погодно да се сретнеме во тоа време. А во кое време? Страшен  впечаток остави, нема што! Жалиме што не сме доволно кул да добиеме благослов да се сретнеме со Принцезата или во случајов со селската идиотка. Очигледно Talk That Talk излегува една голема лага на една голема лажга “.

Додека била во ресторанот, Ријана носела розова перика и розови очила.  Чарли Шин не пропушти да го искоментира и  изгледот на пејачката.

„О,  Ријана ноќта на вештерките  одамна помина, но е добро да го носиш  костимот на јавно место“, додава актерот.

- Реклама -