Чапутова: Словачка повеќе не може да ѝ помага на Украина со оружје

Претседателката на Словачка Зузана Чапутова денеска во Варшава изјави дека Словачка повеќе не може да и помага на Украина со оружје бидејќи дала се што можела и дека промените по доаѓањето на власт на премиерот Роберт Фиц и изборот на Петер Пелегрини за претседател на Словачка се само на зборови, а целата друга помош за Украина продолжува.

„Не очекувам преголеми промени по доаѓањето на новиот претседател. Поголема воена помош за Украина не е можна бидејќи Словачка направи се што можеше во таа област“, ​​изјави Чапутова по разговорот со полскиот претседател Анджеј Дуда, пренесуваат полските медиуми.

Дуда се заблагодари на Чапутова за нејзината проштална посета на Варшава и се согласи со неа дека Полска може да смета на добра соработка со новоизбраниот претседател Пелегрини.

– Го познавам Пелегрини и верувам дека соработката ќе биде многу добра. Пелегрини е многу искусен политичар и како што покажува моето искуство од минатото, тој водеше многу избалансирана политика и не очекувам ништо друго“, рече Дуда.

Тие веќе не испраќаат оружје во Украина од нивните воени магацини, но како и Словачка го испратија целото старо оружје, главно советско што не им треба.

На прес-конференцијата со Чапутова, полскиот претседател денеска изјави дека е против планот на полскиот премиер Доналд Туск, Полска да се приклучи на проектот за изградба на еден вид железна купола, моќен систем за противвоздушна одбрана како оној што го штити Израел, што, според Туск, би требало да го изгради за себе и за Европската унија.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)

„Тоа е германски деловен проект кој се појави пред две години. Значи, тој е релативно нов во споредба со она што веќе почнавме да го градиме, што е нешто друго. Разбирам дека премиерот размислува на крајот да се приклучи на тој систем како додаток, но не можам да замислам дека ќе го напуштиме проектот што го градиме со години, врз основа на системот Висла, ракетите Патриот кои моментално се на пат кон Полска“, рече полскиот претседател.

Анджеј Дуда нагласи дека европската железна купола ќе се заснова на германски системи, Полска веќе избра соработка со САД и Велика Британија пред неколку години.

„Нападот на Иран врз Израел покажа колку е важно за нас да го добиеме и овој тип на систем. Нема причина Европа да нема свој штит против ракети и беспилотни летала. Европа е во зона на опасност. Мораме да ја промениме децениската парадигма во Европа, која поаѓаше од таму дека нема да има војна, а да бидеме под американскиот одбранбен чадор“, изјави вчера во Варшава полскиот премиер Туск.

- Реклама -