Чајов е добар за холестерол, црниот дроб и варењето на храната

Овој чај во себе содржи големо количество на витамин Ц, па затоа игра важна улога во одржување на имунитетот.

Се употребува обично во зима, и има позитивно дејство во смирување на настинката и грипот, покачената телесна температура, и сличните симптоми предизвикани од грип. Традиционално, го има во домот на секое балканско семејство.

Станува збор за чајот од шипка

Овој вкусен чај се користи исто така и за регулирање на работата на гастроинтестиналниот систем, чистење на песок од бубрезите и смирување на урогениталните инфекции. Чајот се дава и за регулирање на конзистенцијата на столицата.

Чајот се конзумира секогаш свежо приготвен и топол. Најлесно можеме да го најдеме во маркетите во филтер кесички, а секако можеме и сами да си го приготвиме, доколку дома имаме шипка. Доколку поинаку не е напишано, чајот се приготвува така што во 2 дл. вода се става една кесичка. Се остава да стои 5 до 10 минути поклопен, а потоа кесичката се вади и се конзумира.

- Реклама -