Четири видови на стомак од кои лесно можете да се ослободите

Пред да се одлучите на ригорозна исхрана заради „перничињата“ на стомакот, најпрво дознајте што се може истиот да го предизвика. Ви претставуваме четири облика на стомак, кои со мали промени во начинот на живот можат да исчезнат.

1. Стомак кој изгледа како издишена гума

Оваа форма на абдомен ги опишува луѓето кои поминуваат многу време седејќи.
За тоа најчесто се виновни канцелариските работни места. Исто така, овој тим на стомак ги опишува луѓето кои конзумираат храна која содржи голема количина на шеќер, бел леб и тестенини. Но, овој тип на стомак можете многу лесно да го редуцирате и тоа со правилна исхрана. Исфрлете го алкохолот и газираните пијалоци.

2. Стомак кој е предизвикан од стрес

Ова е низок стомак кој обично го имаат луѓе кои се перфекционисти, но исто навестува проблеми со варењето и надуеност. Кога сме под стрес во телото се лачи хормонот кортизол, кој предизвикува таложење на маснотиите во долниот дел на стомакот. Еден од причините е и прескокнувањето на оброци, брза храна и внесување голема доза на кофеин секојдневно во организмот.

3. Низок стомак

Стомакот кој се појавува на многу ниско ниво, често ги опишува презафатените мајки и жени кои се посфетени на кариерата и долги работни часови. Причината се крие во едноличната исхрана која често се повторува. Овој тип на стомак многу е честа појава во слабите и витки личности, и останува без оглед на физичката активност. Најважна е исхраната и движењето, затоа не држете диета туку подобро потрошете го времето на разновидни намирници и различна припрема на храната.

4. Подуен стомак

Подуениот тип на стомак обично е рамен наутро, но во текот на денот станува и тоа како очигледен. Без оглед на физичката структура и тежина, причината е надуеноста и варењето предизвикани од храната која не одговара на вашиот организам, алергии или оброци сиромашни со витамини и минерали.
Можеби целиот живот конзумирате одредени видови на храна без да сфатите дека иситите со вашето тело не се совпаѓаат. Проблемите предизвикани од надуеност, ќе ви олесни ако напитоци кои ќе ви го смират дигестивниот систем, како чаеви или природни цедени сокови.

- Реклама -