Четири години од смртта на Мајкл Џексон

Личниот живот на Мајкл Џексон често беше опкружен со контроверзии, а драмата во неговото семејство продолжува и четири години после смртта на кралот на поп музиката.

Додека почитувачите на неговиот лик и дело одбележуваат четиригодишнина од заминувањето на најпопуларнот пејач на сите времиња, мајката на Мајкл, Кетрин, продолжува да се бори на судењето кое го покрена заради смртта на нејзиниот син, а ќерката Парис останува во болница заради наводиот обид за самоубиство.

60166027551c94de125f68314241396_v4_big

Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година во 50 година од неговиот живот. Во тоа време се подготвуваше за серијата концерти „That Is It“ во Лондон.

Докторот кој беше покрај Мајкл дента кога тој почина, Конрад Мареј, беше осуден во ноември 2011 за убиство од небрежност поради давање фатална доза на моќниот анестетик пропофол. Мајкл овој лек го користел да за избегне акутна инсомнија.

Мареј е осуден на четири години затвор, а поднесе жалба за оваа пресуда.

Години после неговата смрт, Мајкловото наследство како уметник кој ги помести границите на музиката живее и низ концертниот документарец и саундтрак „Bad“.

Познатиот музеј „Madam Tiso“ во знак на сеќавање објави до сега невидено видео од танцот кој го извел Мајкл Џексон за неговата скулптура. На снимката се гледа како тој позира со шешир и го изведува прочуениот „Moonwalk“ кој го направи светски познат.

[youtube]http://youtu.be/fv5LSzttby8[/youtube]

- Реклама -