Тимовите во Формула 1 се подготвуваат да ги претстават своите нови болиди за сезоната 2026, кога ќе се спроведат значајни промени во техничките правила на шампионатот.
Четири од вкупно единаесет тима веќе ги одредија датумите за презентации: Ред Бул и Рејсинг Булс ќе го направат тоа на 15 јануари, Алпин на 23 јануари, а Астон Мартин на 9 февруари.
Останатите тимови, меѓу кои се Мекларен, Мерцедес, Ферари, Вилијамс, Хаас, Ауди и Кадилак, сè уште немаат објавено кога ќе ги презентираат своите болиди.
Претсезонските тестирања за 2026 година ќе се одржат од 26 до 30 јануари во Барселона, без присуство на публика, и од 11 до 13 февруари во Бахреин, отворени за медиумите.
Сезоната ќе започне од 6 до 8 март со Големата награда на Австралија.




