Чешка ги реши Грците, Полска и Русија мирољубиво (видеа)

Со натпреварите од групата А, синоќа започна второто коло на Европското првенство 2012. Кодомаќинот Полска одново одигра нерешено, овојпат со Русија, додека Чешка најверојатно ги испрати Грците дома.

Натпреварот од висок ризик меѓу домаќинот Полска и Русија во Варшава, на крајот заврши „мирољубиво“ со поделба на поените, што ако се погледнат резултатите од претходните стартни натпревари дефинитивно повеќе им одговара на Русите.

{youtube}LztcCo4uuBQ{/youtube}

По убедливиот пораз од Русија на стартот на ЕП, селекцијата на Чешка дополнително мотивирана му пристапи на вчерашниот дуел на отварањето на вториот круг од шампионатот против Грција, совладувајќи ја со 2:1. По оваа победа Чешка повторно се враќа во игра за пласман во четвртфиналето на турнирот.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

{youtube}Z880mXK2KWA{/youtube}

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -