Honda Motor објави дека самобалансирачкиорт концептен мотоцикл на брендот, опремен со систем Honda Riding Assist, доби три награди за време на овогодинешното издание на најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот CES 2017 во Лас Вегас.
Концептниот мотоцикл ги доби наградите Best Innovation и Best Automotive Technology од официјалниот партнер на изложението-Engadget, а престижното издание Popular Mechanics му го додели признанието Editors ‘Choice Awards.