Во Холандија наскоро ќе биде отворен првиот центар за одвикнување од
грицкање нокти. Лекарите, кои ќе бидат вработени во овој центар, тврдат
дека пронашле терапија што успешно ќе ги одвикне луѓето од оваа грда
навика.
Во Холандија наскоро ќе биде отворен првиот центар за одвикнување од грицкање нокти. Лекарите, кои ќе бидат вработени во овој центар, тврдат дека пронашле терапија што успешно ќе ги одвикне луѓето од оваа грда навика.
Тоа го потврди и директорот на центарот Алан Рејмонд ван Абе, кој вели дека сите што ги грицкаат ноктите, по терапијата засекогаш ќе се ослободат од тој порок.
– Ова е прво место каде што сериозно ќе ве сфатат ако грицкате нокти. Очекуваме клиенти од целиот свет – вели Ван Абе.
Според податоците, во овој центар, во Холандија, повеќе од два милиона луѓе грицкаат нокти. Од тоа 15 отсто возрасни, 45 отсто адолесценти и 33 отсто деца.
Центарот не ги открива методите според кои ќе се работи, но лекарите велат дека на пациентите на рацете им се става посебен апарат што ги овозможува нормалните активности, но го спречува грицкањето нокти. виа.