Цените на телефоните на Nokia паѓаат

Просечната цена на смартфоните на финската компанија во последните месеци е доста намалена, поради фактот што нормалната цена под договор била 191 евро, а се намалила на 157 евра. Тоа значи дека продажбата на претставникот Lumia 920 драстично се намалила, додека побарувачката се пренасочила кон евтиниот Lumia 520. На долг рок ова би можело да биде во ред, доколку Nokia може да испорача големи количини на ниско-буџетни смартфони со скромни перформанси.

gsmarena_001(33)

Според неофицијалните информации, Nokia сепак успеала да направи раст во претходниот квартал, зголемувајќи го својот профит, но пред сѐ со телефони од средната или ниската класа. На тој начин модерните смартфони со одлични перформанси и високи цени мора да ги намалат своите цени доколку сакаат да бидат продадени, во спротивно може само да го закочи пазарот на Nokia и неговата иновацивност.

 

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.Mk.

- Реклама -