Цените и нивното влијание на нашите прехранбени навики

Без оглед на сите реклами за слатки и за други нездрави намирници кои секојдневно нѐ бомбардираат, цените на производите најмногу влијаат на тоа како се храниме.

Доколку државите и големите синџири на продавници навистина сакаат луѓето да се хранат поздраво, би требало да ги поевтинат оние намирници кои се здрави за нашиот организам.

Пред четири години започна големо истражување во јужна Африка, при кое биле собрани податоци од 170 000 домаќинства и пополнети 350 000 прашалници за прехранбените навики. Авторите на студијата го следеле влијанието на поевтинувањето на некои артикли во продавниците на прехранбените навики на купувачите.

620881-supermarket

Нутриционистите и докторите одредиле листа на намирници кои се сметаат за здрави и во договор со продавниците ги намалиле нивните цени за 25 %. Резултатите покажале дека со попустот се зголемила побарувачката на пожелните намирници за 8,5 %, а се намалила на непожелните (чипс, пијалоци со шеќер, благо) за 7,2 %.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Travel Japan Electronic price tags Kiba East Tokyo

Исто така, луѓето кои купувале со попуст од 25 % во просек конзумирале двојно повеќе од препорачаната дневна доза на овошје и зеленчук, а го намалиле конзумирањето на брза храна, храна богата со шеќер и сол, пржена храна и преработено месо. Сѐ ова било следено на лица со нормална телесна тежина, а истражувањето било објавено во магазинот „American Journal of Health Behaviour“.

- Реклама -