Топ продукти против целулит

Иако нема докажан лек со брзо дејство со кој може да се борите против целулитот, постојат голем број продукти со чии состојки може да ја намалите неговата видливост. Ако водите борба со целулитот, тогаш размислете да внесете барем неколку од овие продукти во вашата секојдневна исхрана.

Аспарагус

Овој зелен зеленчук помага во зајакнувањето на вените и на капиларите и го контролира крвниот притисок. Исто така, тој е добар извор на витамините А, Б и Ц.

Банани

Одлични се за здравјето на крвните садови и имаат позитивно дејство на циркулацијата. Тие се, исто така, добар извор на калиум, витамин Б6 и магнезиум.

Брокула

Содржи алфа-липоева киселина која го спречува стврднувањето и распаѓањето на колагенот, кое се случува кога на него дејствуваат шеќерите. Брокулата е, исто така, добар извор на селен и калциум.

Цитруси

Портокалот, грејпфрутот, лимонот и мандарините се одличен извор на витамин Ц. Портокалите содржат и биофлавоноиди кои ја подобруваат циркулацијата и ги зајакнуваат капиларите.

Риби

Лососот, сардината, туната и пастрмката содржат малку масти, но многу протеини и минерали важни за борбата против целулитот. Исто така, тие се одлични извори на есенцијални омега 3 масни киселини.

Круши

Ова овошје е одлично за детоксикација, односно му помага на телото да се одлободи од штетните материи, а има благотворно дејство и на лимфниот систем. Крушите се добар извор и на диетални влакна и на калиум.

Ананас

Ананасот може да му помогне на телото да се ослободи од вишокот течности, особено во летниот период, а исто така помага во лечењето на оштетените колагенски влакна. Истовремено, тој е добар извор на витамин Ц.

Авокадо

Содржи есенцијални масни киселини кои ги подобруваат здравјето на кожата и циркулацијата.

- Реклама -