Чекор поблиску до лек за Алцхајмеровата болест

Доколку се намали внесувањето на калории, од околу 40 отсто, би можело да се забави стареењето на клетките, па дури и може да го продолжи животниот век, сугерираа испитувањата спроведени на Принстон Универзитетот. Истражувачите велат дека пронашле начин како да ги имитираат корисните ефекти на намалувањето на калориите со пилула.Пилулата која активира одредени ензими во мозочните клетки, го одложува когнитивно оштетување поврзано со стареењето и Алцхајмеровата болест, и губењето на нервните клетки при стареењето.”Постојат јасни импликации за здравјето на луѓето при намалување на калориите”, рече Колин Марфи, професор на Универзитетот Принстон кој го проучува стареењето.
brain-MRI-130307
Повеќето претходни истражувања на ограничувањата со калории е направено врз глувци и други организми користејќи лабораториски услови, но истражувањето кај луѓето покажале дека ограничувањето на калории може да ја зголеми меморијата кај постарите лица.Она што го прави ова истражување уште поинтересно е дека пилулата спречува невродегенерација, една од најтешките дегенеративни процеси кој до сега неможевме да ги контролираме.Сепак се наведува дека намалувањето на калории при исхраната не е целосно испитано, и се уште неможе да се препорачува на луѓето, но сепак се истакнува напредокот остварен кон борбата со Алцхајмеровата болест.

- Реклама -