Судењето на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот зет Предраг Оцокољиќ кои се обвинети за напад на Александар Оларевиќ требаше да се случи денеска во првиот основен суд во Белград, но пејачката е одведена во болница.
„Пејачката е однесена во клиника, омалаксана е, се чувствува слабо и не може да застане на нозе“, изјави нејзиниот адвокат Горан Петронијевиќ.
Нејзиниот зет изјави дека Светлана веќе со денови се чувствува лошо.