П.Диди го престави својот нов предузимачки проект во соработка на Ciroc и G-Shock моделите. Ciroc X G-Shock Breathaliyzar Watch е името на моделот на новиот часовник кој може да ви го измери нивото на алкохол во крвта. Слоганот под кој се продава е “Кога и да ви затреба”, а од десната страна на часовникот се наоѓа цевчето во кое се дува. При купување на часовникот ќе добиете и додатни патрони, кој ќе можат вашите пријатели да ги искористат.
Часовникот ќе може да се купи во три различни бои, а ќе се најде во продажба на Илинден (2 август), низ целиот свет.
Време беше нешто вакво да се појави. Сега барем ќе знаеме кој ќе МОРА да вози.