Cardok – гаража за тајни агенти (видео)

скриена гаражаМултифункционалниот мебел кој се трансформира може да ослободи простор во мали домови, и притоа да изгледа фантастично. Тогаш зошто да не се употреби истиот принцип и во дворот. Cardok е одлично решение за оние возачи кои немаат многу простор на располагање, а не сакаат да го оставаат автомобилот на улица.

Мултифункционалниот мебел кој се трансформира може да ослободи простор во мали домови, и притоа да изгледа фантастично. Тогаш зошто да не се употреби истиот принцип и во дворот. Cardok е одлично решение за оние возачи кои немаат многу простор на располагање, а не сакаат да го оставаат автомобилот на улица.

скриена гаража

Овој тип на гаража е достапен во три верзии, за различни потреби. Cardok Mono е најмалата гаража, наменете за еден автомобил, која притоа овозможува зачувување на естетиката на дворот. Cardok е основната верзија која собира два автомобили, еден скриен и еден кој останува видлив на површината. Најголемата верзија, Cardok Multi е за луѓе кои имаат повеќе од два автомобили или пак имаат возила со нестандардни димензии, и може да собере до четири автомобили.

{youtube}PlFZAgTfte8{/youtube}

Хидрауличниот систем се активира со далечински управувач, и е речиси бесшумен. Доколку поради некоја причина нема електрична енергија, секоја Cardok има вграден генератор кој ќе овозможи пристап до автомобилот. Лифтот е доволно силен да подигне десет тони, што е и повеќе од доволно. По потреба, производителот исто така може да вгради и климатизер и систем за отстранување на влага, што значи дека во оваа гаража може да се складираат олдтајмери и подолг период без никаков ризик од оштетување.

скриена гаража

Една голема мана кај овие гаражи е високата цена. Почетната цена за Cardok е 40000 британски фунти, што значи дека, барем засега, ваквите гаражи ќе можат да се видат само во дворовите на луѓе со подлабоки џебови. Но и покрај тоа, ова е одлично решение за густо населени региони во кои просторот чини повеќе отколку производот. [Официјален сајт]

- Реклама -