Canon го претстави новиот EOS 650D прва камера од овој тип со LCD тачскрин. Камерата исто така има и новодизајниран APS-C Hybrid CMOS сензор од 18 милиони пиксели кој овозможува хибриден авто-фокус, првпат интегриран во Canon камера.
Во камерата има и Digic 5 процесор, истиот сензор кој може да се најде во поскапите модели на Canon. Чувстивителност е од ISO 100 до 12.800 и може да се прошири до 25.600. Камерата ќе може да снима и Full HD видео со постојан авто-фокус, повторно првпат интегриран во EOS камера. Камерата може да прави до 5 фотографии во секунда.
На задната страна се наоѓа LCD Clear View тачскрин од 3 инчи/7,7 сантиметри со варијабилен агол. Тачскринот овозможува пристап до менито на камерата како и други функции како фотографирање со допир и фокусирање со допир. Камерата ќе ги задржи сите копчиња од Canon EOS 600D за традиционалистите кои не сакаат да го користат тачскринот. [Canon unveils EOS 650D touchscreen DSLR]
{youtube}Uk2s_wSFwRY{/youtube}