Аркадните игри од картон еден ден ќе направат милијардер од ова дете (видео)

Можеби сте чуле, а можеби не, но во Источен Лос Анџелес живее детето Кејн Монрој кое прави аркадни игри од картон во продавницата за користени авто-делови на неговиот татко.Подолу може да го погледнете видеото кое има повеќе од милиони посети и детално ја опишува сагата на Кејн. Верувајте, ќе ви го направи денот 🙂

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=faIFNkdq96U[/youtube]
За многумина, Кејн има срце од злато кое сјае во ова видео. Но, тоа е исто така и портрет на млад претприемач во акција.

Каде што многумина од нас гледаат стари картони и играчки, Кејн гледа аркадни игри. Неговата опсесија со аркадни игри и популарноста на ова видео донесоа донација од 130,000 долари која ќе му помогне да се запише на колеџ.

Зошто ќе биде милијардер за 20 до 30 години? Како прво, живее во Калифорнија (држава со најмногу милијардери), има страст која е заразна, има среќа, упорен е, прикажува ирационален оптимизам, може да работи со мал буџет и како што рековме претходно, веќе доби донација од стотина илјади долари.

За оние на кои не им беше доволно првото видео, погледнете го и вториот дел од сагата на Кејн. [cainesarcade.com]

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=Ul9c-4dX4Hk[/youtube]

- Реклама -