Чад над Сонцето

СонцеОна што на прв поглед изгледа како џиновско тениско топче од кое излегува чад всушност е неверојатна фотографија на Сонцето. На фотографијата се гледа Сонцето веднаш по голема сончева ерупција настаната од сончева дамка.

Самата сончева дамка има големина колку Земјата и е видлива на фотографијата. Она што ја прави оваа фотографија навистина неверојатна е тоа што нејзин автор е астроном аматер кој користел мал телескоп. Алан Фридман од Бафало, Њујорк, го нарекува својот телескоп „Малиот Голем Човек“. Тој го опишува како најмалиот 90 милиметарски телескоп со H-Alpha филтер во светот.
СонцеГосподин Фридман го зголемил контрастот на фотографијата претварајќи ја во негатив. Тој ја направил оваа фотографија во ситуација кога ветрот дувал со брзина од 50 километри на час за време на Winter Star Party, годишно собирање на астрономи аматери на атолот Вест Самерленд во Флорида. Господин Фридман по професија е графички дизајнер, но тој своите ноќи ги минува залепен за телескопот; своите најдраматични фотографии од вселената тој ги претставува на изложба.

„Се обидувам да создавам астрофотографии со висока резолуција кои ќе имаат научно значење, но притоа имам и почит кон естетската убавина на универзумот околу нас“ изјавил господин Фридман. „Мислам дека обрнувањето внимание и на науката и на уметноста ми помогнаа да создавам фотографии кои содржат и знаење и инспирација.“ Шансите за пореметување од вселената стануваат се поголеми бидејќи сонцето влегува во најактивниот период од неговиот природен циклус кој трае 11 до 12 години. Последниот сончев максимум се случил во 2001. [A smoke ring emitted bu the sun and captured by an amateur astronomer]

- Реклама -