Тајниот архив на Ватикан – чувар на најголемите скандали во историјата

arhiv

Ватиканскиот архив е едно од најтаинствените места на светот. Архивот е дом на некои од најважните документи од европската историја, а само одбрани луѓе имаат пристап до документите. Дел од архивот е недостапен дури и за папата.

Ватиканскиот архив е таков каков што го замислувате: прав лавиринт од ходници со книги, кој се протега под двориштето Пигна под Ватиканскиот музеј. Се работи за буквален бетонски бункер, а под неколкуте слоја бетон се скриени милиони документи од црковната историја.

Со векови постоеше традиција сите списи да се чуваат строго во тајност, а дури во 1881 година дел од архивата беше отворен за истражувачите.

Меѓутоа, дури ни на истражувачите кои добиваат пристап – околу 1000 луѓе секоја година, не им е дозволено слободно разгледување на документите. Тие мораат да побараат конкретен документ, а потоа чуварите на архивата им го даваат токму тој документ, ниту еден друг и ништо повеќе од тоа.

Одредени документи и списи денес се достапни за јавноста, но како што е обичај околу тајните архиви, особено за Ватикан кружат бројни теории на заговор. Заради мрежата од тајност околу архивот, ниту еден од овие наводно „протечени“ документи не може да биде со докази поткрепен како репрезентативен примерок на тоа што навистина го има под Ватикан. Како и да е, некои од овие теории тврдат дека Ватикан крие документи што го негираат постоењето на Исус Христос, други дека чуваат докази за постоењето на вонземјани, трети дека се крие точната локација на Светиот грал.

Настрана бројните теории на завери и сценарија ала Ден Браун, објавените документи се подеднакво интересни. На условно речено неодамнешната одржана изложба на ватикански документи Lux Arcana, на јавноста за прв пат ѝ беше претставена изворната прокламација за екскомуникација на Мартин Лутер, напишана од папата Лео X на 3 јануари 1521 година, со која Лутер како водач на реформацијата е исфрлен од католичката црква. Лутер го спалил својот примерок, но во ватиканските архиви сочуван е примерокот од папата.

Друг интересен документ е и барањето за поништување на бракот на англискиот крал Хенри VIII. Повеќе од 80 свептеници и племенство од средновековна Англија го молеле папата Клемент VII да го поништи бракот на нивниот крал кој не можел да добие син со Каталина од Арагона (Катерина Арагонска). Скоро метар хартија е потрошена на наведување на сите причини зошто бракот никогаш не бил валиден, но папата Клемент сепак одбива да го поништи бракот. Тоа и ќе доведе до отцепување на англиската од римокатоличката црква и до почетокот на англиската црковна реформација.

Друг објавен документ што се однесува на важен историски настан е и оригиналното писмо на шкотката кралица Мери (Марија I). Мери му пишала на Сикст V неколку седмици пред да ја изгуби власта под обвинение дека сакала да ја убие својата полусестра – англиската крацила Елизабета I. Му пишала дека засекогаш останува предана на католичката црква и дека нејзините непријатели намерно „потпалуваат“ гласини, само со цел да ја осомничат дека имала било што со обидот за убиство на кралицата Елизабета.

- Реклама -