Бумеранзите навистина се враќаат – дури и после 25 години. Имено, во австралискиот град Brisbane властите добиле пакет по пошта во кој имало бумеранг и писмо од американски граѓанин по име Peter, кого го јадела совеста затоа што го украл бумерангот од музеј во градот Mount Isa, во 1983 година.

„Го украдов ова во 1983 година, кога бев помлад и поглупав. Тоа што го направив беше погрешно, јас навистина жалам и затоа го враќам назад“, изјавил совесниот крадец во писмото.
Градоначалникот на Mount Isa одлучил да ги објави пораката и името на покајаникот, но не и неговиот целосен идентитет, како ни вредноста на украдениот предмет. Властите решиле да му го вратат бумерангот на неговиот вистински сопственик, ако успеат да го пронајдат.
Бумеранзите се орудија што Абориџините традиционално ги употребувале за лов. Бумерангот може да патува до 45 метри во воздух, пред да се врати назад до тој што го фрлил. Линк