Со децении наназад, УВ-Ц светлината е докажана како безбеден и ефикасен начин за стерилизација и дезинфекција на критични простории, осетлива опрема како и предмети кои не се препорачува да се дезинфицираат на друг начин.
Со појавата на Ковид-19 пандемијата оваа технологија го доживеа својот бум и популарност, а бизнисите како и физички лица ја аплицираат на повеќе начини.
Како моќно решение против коронавирусот , други вируси и бактерии како и прашински грини, УВ-Ц технологијата ќе биде порелевантна во нашиот глобализиран свет каде што патогените како инфлуенца можат да се рашират со иста брзина како што се шири и информација.
Оваа технологија повеќе не е посакуваната иднина, таа веќе е нашата сегашност!
Придобивки од дезинфицирање со УВ-Ц светлина
Уште во средината на 20тиот век во константната битка против ширење на инфективни болести , научниците продолжија со потрагата по ново оружје кое специфично ќе ги таргетира патогените организми. Повеќето дојдоа до истиот заклучок. Ирадијација со помош УВ-Ц светлина овозможува сув и еколошки начин на дезинфекција кој за разлика од други методи научно е докажано дека уништува до 99,99 % од патогените организми.
Од друга страна пак, повеќето методи на дезинфекција вклучуваат хемиски средства за да ги деактивираат бактериите и вирусите кои се наоѓаат на површините. Употребата на хемиски средства има штетно влијание врз оној кој работи со нив, штетат на животната околина и не се препорачливи за употреба кај сите предмети и површини , како на пример душекот, бидејки така лесно може да се вдишат ,воедно со навлегување во душекот може да создадат влага и мувла.
Денес повеќето болници и лабаратории во светот користат УВ светлина за да ги одржат своите предмети стерилни. Во новиот век веќе се измислени и разни направи кои дезинфицираат различни површини, предмети и воздух и веќе се користат во повеќе видови установи и домаќинства.
Како УВ-Ц светлината делува на микроорганизмите ?
УВ-Ц светлината на оптимална бранова должина од 254nm продира во клеточниот ѕид на микроорганизмите. Високите енергетски фотони се апсорбираат од клеточните протеини ДНК / РНК и ја оштетува структурата на протеините што предизвикува нарушување на метаболизмот. ДНК е хемиски изменета така што организмите повеќе не можат да се метаболизираат и реплицираат така што умираат. Тие повеќе не се способни да предизвикаат болест. Овој процес има смртоносен ефект врз сите микроорганизми како бактерии, габи и вируси.
Одберете сертифицирани и безбедни УВ-Ц уреди
УВ-Ц светлината не смее да се гледа со голо око и не смее да биде изложена на гола кожа. Доколку се решите да одберете уред за дезинфицирање без разлика на тоа дали се работи за дезинфицирање воздух, вода или површини битно е уредот да е сертифициран и да сте детално упатени за начинот на неговата употреба ,се со цел да се заштитите од несакани последици како и со цел максимално да се искористи неговата ефикасност.
Во земјава во моментов доста актуелна е употребата на УВ-Ц технологија за дезинфекција на душеци и останат мебел.
Американскиот бренд Clean Max во Македонија скоро две години ја користи оваа врвна технологија и со помош на своите напредно смарт сертифицирани уреди и обучен кадар, врши санитизација и дезинфекција на душеци во домаќинставата и установите кои нудат сместувачки капацитет. Оваа револуционерна технологија и метод овозможува на брз , сув и еколошки начин да се ослободи душекот од прашински грини и алергените , од вируси и бактерии ,како и од мувла.
Здравствени установи како универзитетска клиника за “Ревматологија и Специјализирана болница за Геријатриска и Палијативна медицина” заедно со “Сју Рајдер” во Скопје и Битола, се некои од соработниците кои започнаа да ја применуваат оваа метода со цел да обезбедат поголема заштита за пациените.
Овој тип на услуга веќе почна да се применува и во хотелиерскиот сектор. Хотелите “Хилтон”, Скопје, Казино “Фламинго Хотел”, Гевгелија и “Скај Хотел” во Гевгелија се едни меѓу првите кои решија да превземат дополнителни здравствени мерки и одржување повисок степен на хигиена и безбедност и да обезбедат здрава средина за престој и преспивање.
Многу од градинките кои се во исчекување да започнат со работа ги дезинфицираат сите предмети во просториите за престој меѓу кои и душекот. Градинката “Грин Хаус”, Скопје и “Бушавата азбука”, Скопје се само еден дел. Општините Карпош , Центар и Кисела Вода превентивно извршија дезинфекција на сите душеци во сите државни градинки со што обезбедија дополнителна заштита од алергени и патогени.
Текстот е објавен во соработка со Clean Max – Македонија