Превод е многу осетлива работа. Ако нешто на светот е невозможно да се направи, тоа е совршен превод. Многу често се нервираме кога гледаме филм со лош превод или читаме книга кај што преведувачот од што сакал да го засени авторот го промашил контекстот.
Ама од друга страна, ако нешто може да те изнасмее до степен да те „извади од патики“ (get out of the shoes) е буквален превод.
Улетавме на ептен креативна страна на фејзбук. Типциве си се крстиле „Буквално“ бидејќи прават буквални преводи на познати песни и изреки.
Почнуваме со „Милке, душо, срцево ме боли мајко …“, и продолжете си до доле.
Можете и самите да ги посетите тука, имаат преку 30 000 следачи.