Букурешт воодушевен од македонските навивачи: Мирни и распеани, оставиле 450.000 евра и испиле 75.000 литри пиво

Помеѓу 70 и 75 илјади литри пиво (речиси три цистерни) испиле Македонците во Букурешт во само пет локали, за само 96 часа, додека ја бодреа Македонија на Европското првенство.

Според романските угостители, пренесуваат романските медиуми, фалангата во локалите во Букурешт оставила најмалку 450.000 евра.

Сепак, домаќините се воодушевени и од нешто друго:

„Сме виделе секакви навивачи, но ова го немаме видено! Толку добри, толку весели навивачи, Букурешт не памети. Да ти е мерак да работиш и да ги служиш“, сведочат за „Спорт медиа“ угостители од Букурешт, кои потврдуваат дека точеле рекордни количини пиво (препорачуваме да го прочитате целиот текст, ТУКА).

Дека црвено-жолтите, така мирни, распеани и мераклиски настроени, оставија трага која долго ќе се памети во главниот град на Букурешт, потврдува и тоа што дури и Украинците скандираа „Македонија“.

Освен тоа, ќе имаат на што да се сеќаваат и Грците во Букурешт.

 

- Реклама -