По неуспехот во Брисел, премиерот Зоран Заев одлучи да оди на предвремени избори, а од функцијата премиер да се повлече на 3-ти јанури. Дел од јавноста, меѓутоа, е незадоволна што своите оставки не ги понудија и министерот за надворешни – Никола Димитров, ама и вицепремиерот за евроинтеграции – Бујар Османи. Во гостувањето во „10 минути“ на „ТВ21“, Османи соопшти каков е неговиот став по ова прашање.
„Не сум размислувал за оставка, бидејќи мојата улога беше да добиеме чиста препорака и добар извештај од Европската комисија. Улогата на Секретаријатот за европски прашања е да ги координира реформите со цел Европската комисија да даде позитивна и чиста препорака, согласно која потоа земјите-членки би одлучувале доколку имавме негативен одговор или нечиста препорака“, одговори Османи, додавајќи дека разочарувачкиот исход од Брисел е резултат на неможност на ЕУ да постигне консензус, а не на неисполнување на очекувањата и незавршување на задачите од негова и од страна на Секретаријатот за европски прашања. Видеото ТУКА.