Bugatti конечно откри која е максималната брзина на серискиот Chiron, кој го наследи Veyron. Според француската компанија ѕверката може да развие брзина на движење од 458 km/h.
Досега се „калкулираше“ со максималната вредност од 420 km/h, за која велеа дека сепак е ограничена. Од компанијата појаснуваат дека поголема брзина е достапна кога лимитерoт на брзината се отстранува. Покрај тоа, потребни се и специјални гуми кои можат да го издржат приотисокот и товарот.
Освен со неверојатна максимална брзина, Chiron може да се пофали и со рекордно забрзување. Во пракса, речиси и да нема автомобил на планетата, кој може да му се спротивстави – до 100 km/h во рамките на само 2,5 секунди.