Бугарското МНР „внимателно ги следи“ ставовите на македонската опозиција за затворање на бугарските клубови

Бугарското Министерство за надворешни работи „со особено внимание ја следи кампањата на опозицијата во Република Северна Македонија против бугарските клубови и нејзино инструментализирање за внатрешно политички цели“, изјави денеска бугарскиот заменик-министер за надворешни работи, Костадин Коџабашев.

Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Коџабашев, „таквото однесување“ е единствено во корист на фактори или трети страни кои имаат интерес да ја попречат европската интеграција на Северна Македонија.

Коџабашев уште еднаш ги коментираше измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политички партии во земјава, наведувајќи дека властите во Софија стравуваат дека со нив може да се ограничи правото на здружување. Како што рече тој, со законските измени се воведува нова комисија за имиња на личности, но прашањето, според него, е кој ќе има контрола врз ставовите на комисијата, дали се обезбедува правото на обжалување на нејзините одлуки и какви се критериумите од кои комисијата ќе се води во својата работа.

Прочитајте и:  Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Коџабашев додека и дека сега останува на Владата во Скопје дали ќе го испрати Законот за здруженија и фондации за мислење до Венецијанската комисија.

„Бугарија смета дека ако се водело соодветно внимание и грижа за човековите права, таков важен предлог-закон требало претходно да се испрати на мислење, бидејќи сега во практика законот почна да се применува“, изјави тој.

- Реклама -