Веднаш по објавувањето на концертот на Жељко Јоксимовиќ во Софија на 20 март, виртуозот на балканската музика бил буквално затрупан од понуди за работа со познати поп-фолк пејачки од бугарската естрада, пренесуваат медиумите на источниот сосед.
Талентираниот српски пејач и композитор сепак ги отфрлил сите понуди, иако некои од наведените познати личности му понудиле вселенски хонорари, за да им напише песна од рангот на “Ljubavi” и “Lane моје”. Како што сите знаеме, освен што е исклучителен вокалист, Јоксимовиќ е композитор на некои од најголемите хитови на различни изведувачи во Србија, Босна и Македонија во текот на последните години . Работата со него е гаранција за огромен успех на музички листи.
„Би работел само со една ваша изведувачка и таа не е од поп-фолк жанрот” – вели Жељко. „Има една бугарска пејачка, која што ја следам веќе некое време и ми се допаѓа навистина многу.”
Жељко одбива да открие повеќе детали на оваа фаза, но сепак прецизира дека веќе се поврзал со предметната ѕвезда и лично и упатил предлог за заеднички проект. Дали сепак таа потврдила и каков е резултатот од заедничката работа, ќе стане јасно на 20 март во Софија.