Бугарскиот претседател Радев: Нема компромис со историјата, идентитетот и јазикот

„Политичарите не можат да се откажат од овој важен процес за Бугарија, Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги утврди сите принципи на уважувањето на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик“, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев, прашан што би ѝ порачал на заедничката историска комисија, која денеска втор ден ќе заседава во Скопје, пренесува БГНЕС.

Според Радев, тоа, пред сѐ, е задача и одговорност на земјата кандидат за членство во ЕУ, односно на Македонија.

„Секогаш има простор за компромиси, но компромиси не може да се прават со историја, идентитет и јазик, или со барања за национални малцинства“, рече Радев.

Бугарскиот претседател, притоа, истакна дека членовите на бугарско-македонската комисија се професионалци и дека тие ќе ја бараат и ќе опстојуваат, како и досега, на историската вистина и бугарскиот национален интерес.

- Реклама -