Бугарски новинар претпочитал да нè нарекува „Југозападна Бугарија“ (ВИДЕО)

„Ќе бидете предмет на критика за ова“, му рече бугарскиот заменик министер за надворешни работи – Георг Георгиев, на новинарот Љубомир Огњанов, откако новинарот го нарече Зоран Заев „северномакедонски премиер“. На ова предупредување до водителот на „Офанзива со Љубо Огњанов“ на бугарската „Канал 3“, новинарот врати со уште поскандалозна изјава:

„Не ме интересира како ќе звучи, јас претпочитам земјата да ја нарекувам ‘Југозападна Бугарија’. “

Георгиев, секако, алудираше на протестната нота и барањето за извинување што Северна Македонија, односно премиерот Заев, ѝ ја испрати на Бугарија, односно на премиерот Бојко Борисов, откако овој го нарече Стево Пендаровски „северномакедонски претседател“. Засега нотата остана без одговор, а Георгиев, прашан дали Бугарија/Борисов треба да се извини, порача дека тоа е ситна работа, дека Бугарија направила многу за евроинтеграциите на Северна Македонија и дека има „толку поголеми нешта пред двете земји“ на кои треба да биде насочен фокусот.

Прочитајте и:  Тензично пред Народниот театар во Софија: Претставата на Малкович го исмејува бугарскиот народ

- Реклама -