Иако бугарските служби одбиваат да дадат коментар, освен што за „Слободна Европа“ велат дека го следат случајот со Орце Камчев во Северна Македонија, „Афера.бг“ е должна да ги информира тие специјални служби дека додека демек го следат случајот и во Северна Македонија „кипи“ аферата „Рекет“, Камчев во одлична кондиција ужива на јахта во пристаништето во Варна, пишува бугарскиот портал.
Од „Афера.бг“ порачуваат и дека би било добро на бугарските специјални служби да им текне да проверат чија е јахтата – дали на Камчев лично, или на неговата фирма „Орка холдинг“, како и дали Морската администрација знае за укотвувањето.