Бугарски лекари специјалисти, втора година по ред, вршат бесплатни прегледи во општина Пустец

Фондацијата „Бугарска меморија“ од денеска и во наредните два дена, организира бесплатни медицински прегледи во општина Пустец, што е втора година по ред, по оние од септември минатата година.

– Иницијативата која е дел од Договорот меѓу Албанија и Бугарија за соработка во областа на здравството е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Здравствениот дом во Пустец, како и на бугарското Министерство за надворешни работи, претставено од Амбасада на Република Бугарија во Тирана. Целта на иницијативата е да се подобри квалитетот на здравствената заштита на жителите на општината, преку понуда на специјализирани медицински услуги, објави Ора њуз.

Според истиот извор и сега оваа активност се спроведува заедно со медицинскиот тим на Кардиоваскуларниот центар при „Аџибадем сити клиника Токуда“ (Acibadem City Clinic Tokuda) – една од најсовремените болници за лекување на кардиоваскуларни заболувања во Бугарија.

– На чело на тимот е светски познатиот кардиолог проф. Иво Петров, кој е национален кардиолошки консултант на Бугарија. Со него се специјалисти-интернисти, отоларинголози и офталмолози од Универзитетската болница „Свети Иван Рилски“ во Софија, како и д-р Алдин Али – специјалист по кардиологија и интерна медицина, сопственик на Медицинскиот центар „Хајделберг“, наведува телевизијата.

Прочитајте и:  Божиновска: Јотова живее во фантазии од 19. век, ниту еден граѓанин на Македонија нема потпишано изјава дека се чувствува за Бугарин

Прегледите се реализираат во Здравствениот дом во Пустец, каде ќе бидат контролирана и состојбата на пациентите прегледани пред една година, кога беше реализирана првата иницијатива на
фондацијата „Бугарска меморија“ за бесплатни посети (во септември 2023 година).

– За оваа општина, фондацијата во 2023 и 2024 година донираше професионална медицинска опрема и потрошен материјал за Здравствениот дом, мебел и компјутерска опрема за новата општинска зграда, 24 клупи кои се поставени во центрите на селата, мобилна амбуланта, опремена со целиот неопходен мебел и опрема за медицински посети за потребите на жителите на селото Глобочени. Во јули 2020 година, донираше противпожарно, амбулантно и возило за социјални услуги на општина Пустец. Во јули 2020 година, донираше противпожарно, амбулантно и возило за социјални услуги на општина Пустец, објави Ора њуз. вт/цр

Фото: Ора њуз
МИА

- Реклама -