Бугарски аналитичар: 10 незгодни прашања во врска со бугарското вето против Северна Македонија

Десет „незгодни“ прашања постави денеска бугарскиот аналитичар Никола Лалов, објавени во бугарскиот портал „Mediapool.bg“, до бугарската влада, а во однос на тврдата позиција кон Македонија и блокадата на почетокот на преговорите на земјава  со ЕУ. Прашањата се однесуваат на неконзистентната политика на Бугарија, на самиот Договор за добрососедство, на заедничката комисија на историчари, за просторот што му се даде на Каракачанов, но и за поврзаноста на Бугарија, односно бугарската влада, со Орце Камчев и аферата „Рекет“.

„1.  Зошто Бугарија го предложи контроверзниот бизнисмен Јордан (Орце) Камчев за свој почесен конзул во Скопје и така се вплетка во корупциските скандали што го тресат нашиот југозападниот сосед? Прво владата молкум го номинираше најбогатиот Македонец за конзул, а потоа на истиот начин се откажа од неговата кандидатура, без да даде никакво објаснување. Според локалните медиуми, Бугарија прво се обидела ‘да го спаси’ Камчев од истрага, а потоа дури и му обезбедила обезбедување.

2. Зошто Бугарија не демонстрира конзистентна политика и не го покрена прашањето за јазикот на омразата и кражбата на историјата пред Северна Македонија да се приклучи во НАТО на почетокот на оваа година? Со тоа Софија дозволи нерешените билатерални проблеми да се одразат на Алијансата. Нешто што стана исклучително видливо при дискусиите за блокираната од Бугарија преговарачка рамка за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

3. Зошто владата си дозволи да спотпише Договор за добрососедство со Скопје кој претходно беше критикуван од експерти и од пратеници поради посакуваниот стил и недостиг от на контролни механизми? Располага ли Министерството за надворешни работи со доволно добро подготвени експерти за Северна Македонија, кои можат да формулираат јасни позиции (вклучително и без фактолошки грешки)?

Прочитајте и:  Реслер: С. Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да ја сфати геополитичката димензија - во неа нема место за билатерални уцени

4. Како беа избрани членовите на историската комисија од бугарска страна и зошто владата ги изолира поумерените историчари и експерти од формирањето на бугарската позиција?

5. Зошто премиерот го препушти дијалогот со Скопје во рацете на министерот за одбрана Красимир Каракачанов, чиј ресор како вицепремиер не е надворешна политика, и дали со тоа не му направи услуга во предизборни цели?

6. Ја потцени ли Бугарија темата, демонстрирајќи последните три години неконзистентна политика кон Северна Македонија, вклучително и неусогласеност во тонот на министрите и премиерот?

7. Зошто се дозволи Бугарија да се најде во европска изолација? Бугарија очекуваше нејзините барања да бидат вклучени во преговарачката рамка на Северна Македонија, но тоа не се случи, и покрај тоа што другите земји членки беа запознаени со желбата на Софија? Партнерите во ЕУ не ги разбираат бугарските мотиви за ветото, особено имајќи го во предвид тоа што Софија беше главниот поддржувач на европската перспектива на регионот и ја направи оваа кауза приоритет на своето прво претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година.

8. Стана ли „сојузник“ бугарската влада стана на проруската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која ги користи билатералните односи против владата на Зоран Заев и во голем степен е одговорна за јазикот на омраза кон Бугарија?

9. Има ли бугарската влада стратегија со која ќе ги поправи штетите врз довербата и односот на обичните македонски граѓани кон Бугарија?

10. Зошто Бугарија дозволи да се претвори во ‘една нова Грција’ за Северна Македонија, а Атина да го чува нивното небо и да порачува вакцини на европско ниво за оваа држава?“, прашува бугарскиот Медијапул.

- Реклама -