Бугарија станува прва регионална платформа на ЕУ за набавка на гас

Брисел, 28 април 2022 (МИА) – По одлуката на Газпром да прекине со достава на гас во Бугарија, официјална Софија и Брисел денес постигнаа договор да се отвори првата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас во Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова попладнево го соопшти Европската Комисија по посетата на заменик премиерот на Бугарија – Асен Василев, на Брисел.

Во Софија ќе се етаблира првата регионална платформа во рамките на сеопфатната платформа на ЕУ за набавка на гас.

Иницијативата ќе се фокусира на потребите и цените на гас и струја како и инфраструктурата.

Целта е во текот на следнава година да се намали зависноста од руските енергенси и да се направат залихи за идната зима. Софиската платформа ќе ги координира плановите во регионот, меѓународните набавки, залихи и поврзаност и со тоа ќе допринесува за енергетската безбедност на регионот.

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп

Првиот министерски состанок на регионално ниво со соседните држави ќе се одржи на 5 мај.

- Реклама -