Буданов: Ослободувањето на Херсон најверојатно ќе трае до крајот на ноември

Киев, 29 октомври 2022 (МИА) -Првиот човек на украинската разузнавачката служба при Министерството за одбрана, Кирило Буданов, изјави дека Русија има околу 40.000 војници на десниот брег на реката Днепар, каде што се наоѓа окупираната регионална престолнина Херсон, и дека ослободувањето на градот и регионот најверојатно ќе траат до крајот на ноември, пишува „Киев Индипендент“.

„Во моментов во Херсон се наоѓаат најобучените и најспособните руски единици“, рече Буданов, мислејќи на руските воздушните, специјални сили и маринци. „Тие единици го формираат костурот на групата, а исто така се засилени и со мобилизиран персонал.

Украина кон крајот на август официјално го објави почетокот на големата контраофанзива за ослободување на главниот град на јужната област Херсон, но до почетокот на октомври не постигна голем напредок, кога украинските сили за само неколку дена ослободија над 400 квадратни километри.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Руските ополномоштени претставници во Херсон на 19 октомври ја почнаа таканаречената „евакуација“ на околу 60.000 цивили од градот и околните области, истовремено отстранувајќи ги и статуите на руските генерали од јавните плоштади во градот.

Буданов кажа дека руското воено повлекување не е неизбежно и дека Русија има намера да се бори до крај за да ја задржи областа.

Руските сили не постигнуваат значителен напредок околу Бахмут, во Доњецкиот регион или во другите области долж линиите на фронтот, се наведува во најновото соопштение на Институтот за воени студии.

- Реклама -